Констракта котира сѐ повисоко на обложувалниците: Дали Србија ќе биде домаќин на следната Евровизија? (ФОТО + ВИДЕО)

Констракта котира сѐ повисоко на обложувалниците: Дали Србија ќе биде домаќин на следната Евровизија? (ФОТО + ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Констракта ги освои симпатиите ширум Европа, а за тоа говорат и новите прогнози на обложувалниците...

Вчеравечер, српската претставничка на Евровизија ја воодушеви публиката за време на второто полуфинале, каде се избори за пласман во големото финале на музичкото натпреварување.


Констракта ги освои симпатиите ширум Европа, а за тоа говорат и новите прогнози на обложувалниците.

Имено, до втората полуфинална вечер, таа се наоѓаше на 10-тото место, но ситуацијата драстично се промени по настапот во второто полуфинале.

„Здравата уметница“ сега се наоѓа на шестото место и продолжува да се искачува до врвот, а големи се шансите до самото финале, кое ќе се одржи во сабота, да влезе во „топ 5“.

фото: Принтскрин / https://www.oddschecker.com/tv/eurovision/winner

Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта не го криеше задоволството што се пласираше во финалето, а позитивната енергија ја „пренесе“ и на пресот за медиумите, каде што, како што пишуваат српските медиуми, имаше свое „шоу“.

Дека помина одлично на пресот, се покажа уште на самиот почеток, кога новинарите пееја „бити здрава“, а потоа почнаа со прашањата.

„Што мислеше кога беа прочитани последните земји?“ - ја праша еден новинар, на што таа му одговори: „Мислев колку времето е убаво овие денови во Торино. Ако не поминеме, ќе имаме убаво поминато време овде. Торино е многу убав, така што не е лошо ни ако не се помине“.

„Дали воопшто би променила нешто во своето искуство на Евровизија?“ - гласеше второто прашање, а одговорот на Констракта ги насмеа сите присутни:

„Ништо. Можеби има повеќе храна, бидејќи ресторанот е затворен за делегациите по 2 часот и имаме проблеми со тоа. Останатото е одлично“.

Инаку, во големото финале Констракта ќе настапи во вториот дел, под редниот број 24. Дали овој број ќе и донесе среќа и можеби ќе го врати пехарот во Србија по цели 15 години, останува да видиме во сабота.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: