Констракта му помогна на болно седуммесечно момче: Уметницата ќе оди на кафе со човекот кој понуди најголема сума

Констракта му помогна на болно седуммесечно момче: Уметницата ќе оди на кафе со човекот кој понуди најголема сума

Објавена во: Живот // Живот

Ана Ѓуриќ Констракта ја покажа својата хуманост на дело и им се приклучи на неколкуте јавни личности кои ја користат својата популарност за да им помогнат на другите, а во овој случај на Вукан Стојиљковиќ.

Уметницата се согласила да оди на кафе со оној кој ќе лицитира најголема сума, а тие пари ќе се уплатат на сметката на седуммесечното момче кое боледува од спинална мускулна атрофија.

Пред неколку дена на страницата на Фејсбук која се занимава со лицитации за да им се помогне на најзагрозените, се појави понуда дека може да се оди на пијалок со Констракта. Девојката која ја контактирала ја објави таа понуда, а била воодушевена што Констракта се согласила на тоа без дополнителни прашања.

„Ова прекрасно суштество ја прифати мојата молба да оди на кафе со некој ќе лицитира најголема сума. Па драги луѓе, ако сакате да бидете во тренд и да пиете кафе со Констракта, тогаш знаете што треба да направите. Децата мораат да ни бидат здрави“ - напиша девојката, а објавата се рашири на сите социјални мрежи.

Лицитацијата заврши вчера, а личноста која ќе пие кафе со Констракта донираше 62.000 динари.

Инаку, на седуммесечниот Вукам му беше дијагностицирана СМА 1 (спинална мускулна атрофија тип 1). Тоа е невромускулна болест, тешка и прогресивна, а се манифестира со прогресивна мускулна атрофија и губење на виталните функции, како што се одење, варење, голтање и дишење. Лекот постои, тоа Золгенсма и чини 2,1 милиони долари. На малиот Вукан и неговите родители им се потребни пари за лекување во странство, рехабилитација, физикална терапија, за лабораториски анализи, лекови, суплементи, ортопедски помагала, медицински помагала, како и за патни трошоци и сместување.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: