Констракта направи забави во основно училиште во Белград: Децата врескаат од среќа (ВИДЕО)

Констракта направи забави во основно училиште во Белград: Децата врескаат од среќа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Децата почнале да врескаат, да ја снимаат уметницата и да пеат со неа во еден глас...

Ана Ѓуриќ Констракта, претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија, пред неколку дена направи „хаос“ во основното училиште „Дринка Павловиќ“ во Белград.

Имено, учениците од училиштето организирале пролетни радости, а собраните пари ги донирале за ученик од училиштето, кој требало да прави операција на окото.

Во договор со директорката на училиштето, во тоа на учениците им помогнала и Констракта, само што тоа тие не го знаеле сѐ додека пејачката не излегла од холот на училиштето.

Кога се појавила, го земала микрофонот и почнала да ја пее својата песна „In Corpore Sano“, сите деца биле изненадени и секако пресреќни.

Децата тогаш почнале да врескаат, да ја снимаат уметницата и да пеат во еден глас со неа.


фото: Принтскрин / Твитер

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: