Контроверзната Рита Ора конечно закопчана до грло: Никој не ја препозна, а таа шокираше кога рече дека се омажила

Контроверзната Рита Ора конечно закопчана до грло: Никој не ја препозна, а таа шокираше кога рече дека се омажила

Објавена во: Живот // Живот

Рита Ора се појави во облека која не открива ништо – после долго време.

Ниту температурите под нулата не се проблем за контроверзната пејачка. Рита Ора се појави во најскандалозните изданија и многумина се навикнати да шета повеќе гола отколку облечена - со гипс на брадавиците, во танга, фустани од тантела кои наликуваат на ноќници и што ли уште не...

Пејачката која ги налути Србите кога еднаш бараше компанијата „Епл“ да го вклучи Косово на мапата како независна држава, сега се појави облечена од глава до пети. Она што е интересно е што никој не ја препозна. Oблече кожен комплет во златна боја со виолетови детали на ракавите и јаката, кои ги спои со црни чевли.


Исто така, Рита носеше очила за сонце, иако беше ноќ. Сепак, познато е дека многу ѕвезди го носат овој додаток поради блицовите кои ги придружуваат и за фотографиите да не испаднат „лоши“. Очилата за сонце се нивната „најдобра заштита“ во текот на ноќта. Да потсетиме, Рита Ора неодамна објави серија приватни фотографии, а нејзините следбеници и се смееја во коментарите.

Таа потоа претстави веѓи кои за многумина се „целосно неразбирливи и погубни“. Некои ја советуваа да се здебели „затоа што изгледа морничаво“, други ја прашуваа „зошто се уништи себеси со ваквото однесување“, а други ја советуваа „да се лекува ако мисли дека овие ужасни веѓи се модерни“. 

КОНТРОВЕРЗНАТА АЛБАНКА НАПРАВИ ХАОС СО ФОТОГРАФИЈА ВО ТОПЛЕС, ПОТОА ГИ ПОТВРДИ ГЛАСИНИ: Вистина е, сакав да го задржам тоа за себе (ФОТО)

Контроверзната албанска пејачка Рита Ора конечно потврди дека е во брак со режисерот Таика Ваитити додека гостуваше во емисијата „Heart Radio Breakfast“ за да ја промовира својата нова песна.

- Да, јас сум омажена. Официјално сум надвор од пазарот. Решив да си ја задржам приватноста за себе - изјави 32-годишната пејачка која со топлес фотографија на социјалните мрежи го најави објавувањето на новата песна.

Коментирајќи го големиот ден, Рита рече дека бил „совршен“ и „токму како што таа го замислувала“.

- Беше прекрасно, беше совршено. Убаво е да чувате некои работи за себе. Извинете што не звучам толку интересно. Ќе направам голема забава еден ден - додала пејачката која се уште не е сигурна дали ќе го земе презимето на сопругот.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: