Копија на татко му: Синот на Џони Деп не сака да стане познат, а има посебен талент
Младиот Џек никогаш не сакал да биде во центарот на вниманието...
Џек Деп, синот на познатиот актер Џони Деп овој август беше фотографиран од страна на папараците додека шеташе низ Париз со девојката. На тие фотографии 18 - годишното момче се гледа дека е расположено и со насмевка гледа кон својата девојка, моделот Камила Јансен.
Младиот Џек има необичен стајлинг, исто како и неговиот татко, а филмот и театарот никогаш не го привлекувале.
„Мојот син, Џек, отсекогаш бил многу талентиран за цртање. Црта многу добро. Исто така, добро свири“ - своевремено се пофали Џони.
Џони го доби Џек со Ванеса Парадис, со која ја имаат и ќерката Лили која се занимава со мода.