Корисниците на ТикТок се воодушевени: Се појавија момче и девојка кои изгледаат исто како Рапанзел и принцот од „Tangled“ (ВИДЕО)

Корисниците на ТикТок се воодушевени: Се појавија момче и девојка кои изгледаат исто како Рапанзел и принцот од „Tangled“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Не можеме да си поверуваме на своите очи...

Никогаш не би помислиле дека некој може да биде толку сличен како анимираните ликови од цртаните. Но, оваа двојка да! Ги освоија луѓето и сите ги убедуваат да снимаат заедничко видео.

Супер е кога некој изгледа како некоја позната личност, но колку често се случува некој да изгледа како некој лик од цртаните? Би кажале, многу ретко. Но, сепак, постојат исклучоци. Една девојка стана хит кога објави видео во кое си направила фризура каква што има Рапанзел во цртаниот филм „Tangled“, откако се ишиша. Цртите на лицето, очите, фризурата, шминката - едноставно, сличноста е неверојатна. Иако видеото го објави пред 3 дена, истото има повеќе од 20 милиони прегледи. Сите се изненадени и воодушевени.

@yeslydimate

EXCUSE ME?!??????!! IM LIVING MY RAPUNZEL DREAM RN

Kingdom Dance - From "Tangled"/Score - Alan Menken

А, потоа, за работата да биде уште подобра, на нејзиното видео се надоврза и едно момче, кое изгледа исто како принцот од истиот цртан, Флин. Има костум како и принцот, поради што сличноста е уште поголема.

@flynnridertiktoks #stitch with @yeslydimate #flynnridertiktok #flynnrider #tangled Kingdom Dance - From "Tangled"/Score - Alan Menken

Често објавува видеа во своето „принц“ издание, но дури со ова, на многу им падна во очи. Иако ТикТок може да биде извор на грозни работи и трендови кои се опасни, исто така, може да ја најдете и оваа забавна страна, на која наидовме.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: