КОРОНА ЧАО: Што прво направи Огнен Здравковски по двата негативни теста?

КОРОНА ЧАО: Што прво направи Огнен Здравковски по двата негативни теста?

Објавена во: Stars // Музика

На почетокот на овој месец младиот пејач Огнен Здравковски ја објави својата нова песна „Љуби ме“ и покрај тоа што беше во самоизолација, поради тоа што беше позитивен на коронавирусот.

За време на тие 16 дена, се до вчера, кога ги доби двата негативни теста, Огнен преживеа вистинска голгота. Имено, и неговата мајка, Софче Џорлева, исто така беше позитивна на коронавирусот, но за среќа и таа и тој сега се добри.

„КОРОНА ЧАО. Конечно по 16 дена заврши и ова зло... Го победив „Ковид - 19“ (Корона Вирус)!!! 2 НЕГАТИВНИ ТЕСТА!!! Луѓе, држете дистанца, носете маски и чувајте се!!!“ - напиша покрај објавата во која го сподели и резултатот од негативниот тест.


Откако ги сподели резултатите од негативниот тест, младиот пејач сподели и интересно „стори“ на неговиот Инстаграм профил. 

„Прва работа после 16 дена дома“ - напиша Огнен, откривајќи дека првата работа што ја направил откако излегол од дома е средувањето на косата.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: