Корона или слобода: Еве зошто протестираат младите во Србија

Корона или слобода: Еве зошто протестираат младите во Србија

Објавена во: Совети // Другарство

Откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека наскоро ќе се применуваат нови мерки против пандемијата на коронавирус, вклучувајќи го и полицискиот час, многу граѓани се пуштија во протести, на кои полицијата одговори брутално - со напад на протестантите.

И додека протестите се шират од град во град, има се повеќе луѓе кои се одлучуваат да одат на протест. Различни ставови, а обединети во идејата дека нешто во Србија мора да се промени.

Екипата на Vice.com вчера разговарала со младите за време на протестите во Белград, прашувајќи ги зошто одат на протестот и покрај опасноста. Во продолжение ви пренесуваме што одговориле младите на ова прашање.

# Нина, 24 години

Затоа што режимот не труе и затоа што социопатот што е на чело на државата воспостави диктатура, а не лаже дека сме слободни!

# Милена, 27 години

Овде сум затоа што мислам дека сите наши човекови и граѓански права се исечени и исчезнати - укинати со тоа што малку по малку ни се воведува тој полициски час. И по цена да се заразам со корона дојдов на протестот, бидејќи сакав да се уверам дека се уште има луѓе кои размислуваат како мене. Ова е диктатура. Поради тоа, макар по цена сите да се заразиме, мораме да направиме нешто за себе, својата иднина и иднината на генерациите кои доаѓаат, колку тоа да звучи патетично. Навистина е така.

Никој нема да трпи да работиме за мала сума на пари и да не затворат, што би ни оневозможило и тие мали пари да ги земеме. Најлошо од се е тоа што медиумите се цензурирани и што не можеме ништо да кажаме каква е ситуацијата, а нашите сограѓани кои сметаат дека сме дивјаци се осмелуваат да кажат, демонстрантите треба да се тепаат, бидејќи неуставно организираат протести и упаѓаат во зградата на Собранието.

# Михаило, 24 години

Затоа што сметам дека полицискиот час е неефективна мерка. Во прашање е многу здодевна и примитивна мерка на која може да се сети и дете од пет години. Таквата мерка не може туку така да се пали и гаси на прекинувач, како што ќе им текне. Е сега сите ќе бидеме слободни, е сега повторно е криза, е сега мораме повторно сите дома. Ете, поради тоа сум тука.

# Ивана, 22 години

Покрај ризикот, на протестот бев бидејќи власта го обвинува народот за бројот на заразени. Кризниот штаб молчеше еден месец и ги доведе во прашање човековите животи. А, мораме да го земеме предвид она што го кажаа лекарите, кои би требало да спасуваат човечки животи, а не да прават како што ќе им нареди една личност. Затворањето во четири ѕида нема да донесе никакви резултати, како што видовме и во претходниот период.

# Стефан, 24 години

Една работа е да има пандемија, а друга работа е истата да се користи за да се изживуваш со својот народ. Ова навистина беше тоа, затоа што не можеш да фрлаш солзавец или било што на нас, од која што не само што те печат очите, туку и носот, преку устата, па те пече грлото, преку белите дробови, па кашлаш, а нели вирусот се пренесува преку кашлица... Прекумерната сила на полицијата навистина беше непотребна и тоа буквално беше како лов на вештерки. На протестот излегов бидејќи немам опција повторно да не работам два месеци. Единствените кои не беа погодени од оваа пандемија се луѓето кои се на позиција, а тоа се неговите луѓе. Па така, се гледаме повторно утре.

# Дејан

На протестот излегов бидејќи ја бранев својата слобода, малку интелигенцијата и достоинството, бидејќи кога ги очекувавме оние противуставни и лажни избори, тогаш споделуваа тотално поразлични информација и се можеше, додека тоа им одеше во прилог и сега повторно да не затворат? Не разбирам. Ставме статуи во сопствената држава, без право на глас. Кога пробуваш нешто со мирен протест, те напаѓаат со сила. Мојата човекова должност беше да излезам тука и да не дозволам да не манипулираат.

Сите изјави од младите луѓе, може да ги прочитате на Vice.com.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: