Кортни Кардашијан изгледа совршено и во едноставни парчиња: Дали таа е новата кралица на уличната мода?

Кортни Кардашијан изгледа совршено и во едноставни парчиња: Дали таа е новата кралица на уличната мода?

Објавена во: Мода // In and Out

Верувале или не, Кортни Кардашијан има неверојатно чувство за мода и облекување...

Ако некогаш сте го следеле животот на едно од најпознатите семејства во светот - Кардашијан, тогаш сигурно сте запознаени со стилот на Кортни Кардашијан, која во секоја ситуација изгледа фантастично.

Таа нема проблем со истакнувањето на своите облини, но ниту со облекувањето во потполно формална комбинација.

Бидејќи уличната мода е многу популарна, Кортни и на ова поле е брилијатна. Познатата сестра покажа како ги комбинира безвременските „must have“ парчиња, кои секоја девојка треба да ги има во својот плакар.

Папараците ја уловија во Калифорнија, а Кортни за ручекот со пријателите се одлучи за едноставна комбинација која остава одличен впечаток.

Имено, таа на себе имаше светли фармерки (малку поширок модел), кратка црна маица, над која носеше широк мантил во боја на бело кафе, додека на нозете носеше чизми во боја на слонова коска.

Парчињата облека кои Кортни ги носеше за оваа прилика се безвременски и актуелно, скоро па секоја сезона. Доколку ви се допадна нејзиното издание, многу лесно може да го ископирате за вашата следна средба со пријателите.

фото: BENS / WAGNER AZ / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: