Кортни Кардашијан се најде на мета, но не остана должна: Се поради дружењето со познатата ТикТокерка

Кортни Кардашијан се најде на мета, но не остана должна: Се поради дружењето со познатата ТикТокерка

Објавена во: Совети // Другарство

Следуваше и одговор на ријалити ѕвездата, со кој ги воодушеви своите обожавателите...

Откако Кортни Кардашијан објави неколку фотографии со другарката Адисон Реј и со тоа покажа колку тие две се блиски, многумина се запрашаа какво е тоа пријателство.

Чудно е што Кортни која има 41 година се дружи со Адисон, која има само 19 години.

„Тоа другарство е многу чудно поради разликата во годините“, „Што прави со некој кој е дупло помлад од неа?“, „Навистина чудно... Има 41 година, а се дружи со 19 - годишни девојки во базен“ - се само некои од коментарите.

Но, Кортни не им остана должна, па следуваше и нејзиниот одговор кој ги воодушеви сите обожаватели.

„Ми предлагаш некое подобро место? Барам идеи“ - одговори Кортни.

Адисон инаку стана ѕвезда на ТикТок и ја следат повеќе од 60 милиони луѓе. Минатата година заработи повеќе од 4 милиони евра, пишува The Sun.

Дури и во некои нејзини објави на ТикТок се појавува и Кортни.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: