Косата на Ана ѝ побелела на само 13 години: Не ја шишала од 14 години, а ја мие еднаш месечно (ФОТО)
На нејзината коса ѝ завидуваат илјадници жени ширум светот. Но, тоа не било отсекогаш открива Ана Шепард, која живее во Унгарија.
Имено, во училиште врсниците често ја малтретирале бидејќи косата почнала да ѝ побелува уште на 13 години.
Меѓутоа, наместо да дозволи критиките да ја скршат, Ана се насочила кон фолклорот за да ги прегрне своите побелени прамени, а косата ѝ пораснала дури 1,5 метри.
„Ја молев мајка ми да ми дозволи да ја исфарбам косата кога почна да ми побелува. Бев многу тажна и загрижена дека ќе изгледам старо“ - вели во едно од своите видеа на Инстаграм.
„Постојано се чувствував изложено. Луѓето гледаат во моите побелени прамени и добивав забелешки за тоа. Но, со текот на времето ја засакав својата побелена коса и таа стана дел од мене“ - раскажа Ана.
Сега косата ја мие само еднаш месечно, ретко ја чешла и не се шишала од својата 14-та година. Целиот труд кој го вложила во одржувањето на својата раскошна коса вредел, бидејќи Ана сега има скоро 18.000 следбеници на Инстаграм, од кои некои имаат бизарни барања.
Имено, откако еден обожавател ја прашал дали може да ѝ плати за да ѝ ја излиже косата, Ана останала без текст. И покрај тоа што мора да се носи со некои чудни прашања, таа е горда што е пример на другите жени на кои прерано почнала да им побелува косата.
„Некогаш ме исмеваа и гледаа во мојата коса, но сега добивам само комплименти. Се чувствувам почестено кога жените ми пишуваат дека се охрабриле да ја пуштат својата побелена коса поради мене. Тоа ми го исполнува срцето со среќа. Дефинитивно постои стигма кај младите жени кои имаат побелена коса и би сакала да помогнам за тоа да се промени“ - заклучи Ана.
Повеќе фотографии од Ана, погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм