Кожата ги памети лошите изгореници: Трикови како да бидете сигурни додека сте на сонце!

Кожата ги памети лошите изгореници: Трикови како да бидете сигурни додека сте на сонце!

Објавена во: Мода // Moj стил

Додека ѕвездите на 70 - тите се фалеа поради добро исунчаното тело, денес се знае дека таквата кожа е оштетена. Формулата за удобно лето е да носите заштитна облека, користите креми за сончање, наочари за сонце, но и уште неколку совети кои треба да ги прочитате во продолжение.

# Наочарите за сонце би требало да имаат 100% заштита од УВ зраците, па кога ги купувате проверете дали ја имаат потребната декларација.

# Парфемите треба да ги избегнувате кога се сончате, бидејќи нивниот хемиски состав кога е под влијание на зрачењето, може да предизвика опасни хемиски реакции на кожата како осип или дамки на кожата.

# На пладне најдобро е да одмарате под сенка, но доколку сте на отворено, внимавајте да не бидете директно изложени повеќе од 1 час. Изгорениците се основа за појава на рак.

# Користете заштитна облека, како шешир и одбирајте фустанчиња и маички на долги ракави. Материјатели треба да бидат лесни за да може кожата да диши.

# Посебно внимание треба да обрнете доколку имате нежна кожа и да се заштитите со креми со висок заштитен фактор.

# Не штедете кога нанесувате заштитни креми и одбирајте ги според типот на кожата. Кај оние кои имаат чувствителна кожа, кремите со фактор 50 се најдобри.

# По сончањето на кожата нанесете крема со витамин Е. Таа ќе спречи појава на дамки. Користете лесни хиндрантни креми.

# Најсилното зрачење е од 11 до 17 часот, па треба да внимавате многу овој период од денот.

# Хидритирајте се секогаш со многу течности. Внимавајте за време на топлините да не пиете екстремно ладни напитоци, а најдобриот избор е обична вода. Избегнувајте газирани и благи сокови.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: