Крај на војната: Војаж и Клинац ги закопаа воените секири?

Крај на војната: Војаж и Клинац ги закопаа воените секири?

Објавена во: Stars // Музика

Откако се шпекулираше дека Војаж и Клинац се во конфликт, судејќи по сѐ, тие двајца ги средиле односите.

Имено, уште од периодот кога раскинаа Бресквица и Војаж, јавноста беше убедена дека Михајло и Клинац не се во добри односи, а неодамна се случија низа настани кои само одеа во прилог на овие тврдења.

Јавноста прво го осуди Клинац, бидејќи беше убедена дека тој е виновен за разделбата на поранешната двојка, што Ѓорѓе цврсто демантираше.

Потоа Клинац удри по спотот на Војаж за „Картел“, нагласувајќи дека му пречи што за сите спотови спонзори се обложувалници, а потоа повторно го напдна кога Михајло се снимаше, додека во позадина одеше негова песна.

Меѓутоа, изгледа дека споменатите музичари решиле да стават точка на несогласувањата кои ги имале, а во прилог на тоа зборуваат и нивните Инстаграм профили на кои од скоро се следат, што не беше случај порано.

Од каде е овој пресврт за средување на односите помеѓу нив двајца, засега не е познато.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: