Крајот на онлајн училиштата се наближува: Како да го наполните дневникот со 5 - ки?

Крајот на онлајн училиштата се наближува: Како да го наполните дневникот со 5 - ки?

Објавена во: Совети // School zone

Наскоро, завршува уште една учебна година... Меѓутоа, оваа година, ситуацијата е малку поинаква и поради пандемијата на коронавирусот, оваа учебна година ќе се заврши онлајн.

Доколку ти е тешко да си ги вратиш работните навики кои ги изгуби за време на изолацијата, не грижи се, во продолжение ти подаруваме мала помош/

Како да се вратиш на работните навики?

Без оглед на тоа дали завршував основно, средно училиште или пка факултет, многу е тешко да им се вратиш на работните навики по изолацијата. Доколку не ни веруваш, прашај ги своите родителите - и тие имале потешкотии кога се вратиле на работа. Меѓутоа, постојат трикови кои ќе ти помогнат во тоа.

# Пред да започнеш со учење, исклучи го интернетот, мобилниот телефон, телевизорот и сето она што може да ти го одвлече вниманието.

# Бирото нека ти биде средено, а на него нека бидат смао книгите и тетратките кои ти се потребни за учење.

# Замоли ги членовите на твоето семејство да не ти пречат и да бидат тивки во периодот кога учиш.

# Доколку имаш проблеми со концентрацијата, пиј повеќе вода. Покрај тоа, прика имај темно чоколадо. Имено, какаото е докажано дека го подобрува помнењето и концентрацијата.

# Прави кратки, но чести паузи. Доколку непрестано учиш со часови, концентрацијата драстично ќе ти опадне.

# Најпрво започни со потешките предмети, а потоа со оние кои лесно ги совладуваш.

# Смисли си мали награди кога ќе научиш одредена тема. Наградата може да биде во вид на благо, омилениот сок или пак мала прошетка.

# Проветрувај ја собата во која учиш, бидејќи свежиот воздух може да те разбуди, а со самото тоа да ти ги среди мислите.

# За крај, не очајувај, добрата организација е клучна за успех. Среќно!


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: