Крајот на учебната година е близу: Tоп 3 совети кои ќе ви помогнат да бидете што е можно повеќе без стрес периодов

Крајот на учебната година е близу: Tоп 3 совети кои ќе ви помогнат да бидете што е можно повеќе без стрес периодов

Објавена во: Совети // School zone

Потопло време, подолги денови, мирис на лето во воздухот, но и учење и поправување на оценките.
Концентрација никогаш помалку, а обврски никогаш повеќе. Како да се победи стресот на крајот на учебната година и да се добие посакуваниот просек? Корисниците на Твитер го имаат одговорот.

Екипата која стои зад страната Education Week го објави хаштагот #HowIFinishStrong на Твитер, поканувајќи ги учениците и наставниците да ги споделат своите стратегии за успешен и помалку стресен крај на учебната година. Подолу ви донесуваме неколку што ги сметаме за одлични, и дефинитивно ќе ви бидат од корист!

1. Организирајте се

Земете дневник, тетратка, мобилен телефон, компјутер и запишетеја секоја обврска што ве чека до крајот на учебната година. Што и да ви падне на ум, ‘истресете го на хартија’ и секогаш кога ќе решите една обврска, прецртете ја од списокот.

Ќе видите колку добро ќе се чувствувате. Ќе сакате да го прецртате целиот список што е можно поскоро и безгрижно да побрзате кон летните одмори.

2. Стоп за одолговлекувањето 

Само уште една епизода од серијата, само уште ова да го погледнам на ТикТок, ќе започнам да учам за еден час... Познато? Знаеме дека ви е!

Но, ве советуваме едноставно да заборавите на одложувањето и да ја земете книгата, да забележувате, да читате и да повторувате. Колку помалку размислувате за тоа како не можете, полесно ќе биде да започнете. Одвојте половина час или еден час (во зависност од концентрацијата) што ќе биде само за учење, однесете го мобилниот телефон во друга просторија и после тоа мобилниот телефон може да биде како некаква награда за научената лекција!

3. Само позитивни вибрации

Преживувањето на последните недели на часови, тестови, усни испрашувања и пополнување на сите списоци што треба да се направат може да бидат крајно исцрпувачки.

Но, обидете се да не дозволите тоа да ве извади од чекор и повеќе да не ги гледате убавите работи околу вас. Фокусирајте се на малите нешта што ве прават среќни, одвојте 10 минути да прошетате во природа, разговарајте со пријател, играјте со домашно милениче или само затворете ги очите и опуштете се далеку од екранот.

Наградете се со ситница за секоја прецртана работа од to do списокот. Ние ви гарантираме дека материјалот ќе ви 'легне' подобро и стресот ќе се намали. Ако сепак остане одреден стрес, тој ќе падне во заборав со последното sвоно на училиштето и супер оценките во свидетелството.

извор:teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: