Кралицата категорична: Нема да го гледа интервјуто на Меган и Хари
Кралицата Елизабета Втора спиеше за време на разговорот на Меган и Хари со Опра Винфри и не планира да го гледа интервјуто. Принцот Филип во моментов е во болница, а Хари не разговара со него во последно време, пренесува 24сата.хр...
Иако милиони луѓе го гледаа интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари на Си-Би-Ес со Опра Винфри, кралицата Елизабета Втора не е една од нив. Таа одби да го гледа интервјуто, па замина во кревет, а извори од кралскиот двор тврдат дека таа нема ни да го гледа интервјуто.
„Таа нема да остане будна да го гледа интервјуто, однпсно воопшто не планира да го гледа. Информациите ќе и бидат пренесени од вработените во палатата за време на појадокот за да слушне што се случило“ - изјави кралскиот дописничка Роја Никхах .
Принцот Филип моментално е во болница, а Хари не комуницира со него во последно време, пишува 24сата.
„Хари разговараше со другите членови на семејството за да ја провери состојбата на принцот Филип. Не сум сигурна дека разговарал директно со Филип, но тој комуницира со семејството за да се информира за неговата состојба“ - рече Роја.
Меган и Хари открија детали од животот и односите со британското кралско семејство кои претходно не и беа познати на јавноста. Маркл рече дека после тоа била во исклучително тешка состојба, нејзиното ментално здравје било загрозено и ѝ требало психолошка помош, пренесува 24сата. Исто така признаа и дека со кралицата се слушаат релативно чесот, додека Хари веќе долго не разговара со брат му и татко му.
фото: SCREENSHOT/YOUTUBE/CANVA/PIXSELL