Кралицата Елизабета се запозна со новородената ќерка на Хари и Меган: Вака се одвивала средбата

Кралицата Елизабета се запозна со новородената ќерка на Хари и Меган: Вака се одвивала средбата

Објавена во: Живот // Живот

фото: Инстаграм/sussexroyal

Веста за запознавањето на кралицата со нејзиниот 11 правнук доаѓа по гласините дека кралицата не е задоволна од изборот на име за детето на Хари и Меган.

Војводата (36) и војвотката од Сасекс (39) станаа родители на девојче, Лилибет Лили Дајана, која се роди во петокот, 4 јуни, во 11:40 часот во болница во Калифорнија.

Откако Лилибет се придружи на нејзиниот брат Арчи, кој неодамна наполни две години, парот сега се подготвува за семеен живот од четворица. Извори за магазинот „Пипл“ изјавиле дека кралицата се запознала со својата истоименичка во видео повик. „Тие беа возбудени и едвај чекаа да ја споделат веста за раѓањето на уште едно бебе“, велат упатените.

Како што веќе напишавме, Лилибет е многу приватен прекар на англиската кралица. Така ја викал нејзиниот татко, кралот Џорџ кога била мало девојче, бидејќи не можела убаво да го изговори своето име, а потоа така ја нарекувал принцот Филип сè до нејзината смрт.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: