Креативни начини за дружба со пријателите за време на изолација

Креативни начини за дружба со пријателите за време на изолација

Објавена во: Совети // Другарство

И покрај тоа што не можете да ги видите и да ги правите работите што нормално ги правите со вашите пријатели, тоа не значи дека не можете да се дружите додека трае изолацијата.
Дружењето и одржувањето на социјалниот живот е важно за да не излудитете за време на самоизолацијата.  
Овие се начини на кои можете да се дружите, а меѓунив сигурно е и оној кој на вас најмногу ви одговара.


# Започнете свој book club
Имате многу време, па зошто да не го искористите за да ги прочитате сите книги што ви се дома. Ако вие и вашиот пријател сте љубители на книги и читање, закажете нова тема секоја недела, земајте книги и читајте. Можете дури да ја земете истата книга ако и двајцата ја имате, а на крајот на секој ден преку видео разговор, повик или порака, коментирајте ја книгата.


# Нетфликс забава
Netflix party додатокот за Google Chrome е огромен хит. Без да одите на кино, можете заедно со пријателите да гледате филм. Преку овој приклучок, можете да гледате серии и филмови со вашата екипа, а во исто време да разговарате преку овој приклучок и да коментирате за секоја сцена.


# Пишувајте си писма (можете да ги испратите и преку е-пошта)
Како комуницираа луѓето пред да постојат социјалните мрежи? Преку писма! Потребно е многу подолго да се чека на одговор, но таа среќа кога ќе видите поштар како се упатува кон вашата куќа е огромна. Пишувањето писма е многу подоживувачко искуство отколку само испраќање порака на Инстаграм. Откако ќе почнете да пишувате, нема да можете да запрете. Можете исто така и да го украсите вашето писмо, што и да ви паѓа на памет. Поштата сè уште работи, сепак запомнете дека не треба да одите често. Друга опција е да ги испраќате вашите писма по е-маил.


# Играјте преку апликацијата Songpop
Songpop е музички квиз  за љубители на музиката. Предизвикајте се меѓусебно, погодувајте ги изведувачите и имињата на песните, а апликацијата има функција за разговор што ви овозможува да разговарате и коментирате за успесите и неуспесите. Можете да ја најдете на Google Play или да ја играте на Facebook.



Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: