Креаторите на „Stranger Things“ открија еден детаљ кој нѐ очекува во петтата сезона: Обожавателите веќе се во страв за еден лик

Креаторите на „Stranger Things“ открија еден детаљ кој нѐ очекува во петтата сезона: Обожавателите веќе се во страв за еден лик

Објавена во: Stars // Филм

Ако сте нетрпеливи да дознаете што ќе се случува во петтата сезона, еве детали...

Не е трејлер, но е мал тизер. Само неколку зброови би биле доволно за обожавателите да почнат да стравуваат за еден лик. Се плашат за тоа што би можело да се случи!

Крајот на четвртата сезона ги остави фановите во големо исчекување. Елевен, Вил и нивните пријатели треба да се соочат со уништувањето шот го остави Вецна во Хокинс. Сите ја чекаат петтата сезона, а засега уште не се знае кога ќе пристигне, но веројатно не за брзо. Тоа ќе биде и последна сезона. Поради тоа, тензијата е уште поголема отколку за сите други сезони. Не се знае што ќе биде со главните ликови, но креаторите на серијата открија еден детаљ кој истовремено не кажува ништо и кажува нешто. Фановите веднаш на свој начин ја протолкуваа мистериозната објава и дојдоа до заклучок дека тоа може да значи дека еден лик е во голема опасност.


Петтата сезона по оваа најава ќе биде комбинација од првата и четвртата сезона, што и да значи тоа! Нема никакво објаснување. Она што обожавателите во коментари го заклучија е дека во фокусот на минатата сезона повторно би можел да биде Вил, но и дека може да му се случи нешто многу полошо отколку во првата сезона.

Фановите се веќе истрауматизирани, а серијата не е ни започната. Ова е моментално единствената достапна информација за претстојната сезона.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: