Креаторите на Уно ги објаснија правилата на игра: „Ова е единствената вистина“
Уно е забавна и динамичка игра со карти која сите барем еднаш ја имаме играно во кругот на семејството или со пријателите. Колку пати досега сте влегле во конфликт или жестока расправија со останатите играчи поради несогласувањата околу поединечни правила на играта?
Токму тие правила еднаш засекогаш одлучија да ги разјаснат од самиот тим на компанијата „Уно“. Тие споделија на својот Твитер профил мал трик со кој се служеа голем број од играчите, а тој прик никако не е во согласност со официјалните правила.
If someone puts down a +4 card, you must draw 4 and your turn is skipped. You can’t put down a +2 to make the next person Draw 6. We know you’ve tried it. #UNO pic.twitter.com/wOegca4r0h
— UNO (@realUNOgame) May 4, 2019
Како што пишува порталот Хит, сега конечно е разјаснета дилемата за тоа дали може на црна карта +4 да се стави нова карта +2 и да се натера следниот играч да влече 6 карти од шпилот.
„Доколку некој ја стави картата +4, морате да влечете четири карти и да го прескокнете редот за играње. Не можете да ставите карта +2 и да ја натерате следната личност да влече шест карти. Знаеме дека сте пробале“ - напишаа од „Уно“ на Твитер.
Судејќи според коментарите на бројните корисници, изгледа дека никој не беше особено воодушевен од сознанието за официјалните правила на играта. Еден следбеник дури и праш адали може на +4 да се стави друга карта +4, а од „Уно“ кратко му одговорија: „Не“.
y'all have really been STACKING draw cards in uno?!?!?!?!??!!??!!??! pic.twitter.com/Po0iRGIGZc
— wikipedia brown, baking to avoid emotional turmoil (@eveewing) May 5, 2019
Dear Uno,
— Foot Locker (@footlocker) May 5, 2019
That’s not even how Uno is played.
- From Everybody https://t.co/y0PNuj8ic6
If someone puts down a +4 card, you must draw 4 and your turn is skipped. You can’t put down a +2 to make the next person Draw 6. We know you’ve tried it. #UNO pic.twitter.com/wOegca4r0h
— UNO (@realUNOgame) May 4, 2019
Дали отсега ќе играш по овие правила или и понатаму ќе тврдиш дека твоето правило е точно?