Крис Џенер ѝ создаде проблеми на Кендал: Мамо, ова изгледа како најава за бременост

Крис Џенер ѝ создаде проблеми на Кендал: Мамо, ова изгледа како најава за бременост

Објавена во: Совети // Семејство

Кендал Џенер неодамна пишуваше за тоа колку би сакала да има дете, па објавата на нејзината мајка Крис предизвика големо внимание на Твитер. Имено, она што го објави навистина може најлогично да се протолкува како да е најава за бременост! Откако веста започна да се шири на Интернет како пожар, секако дека Кендал виде што направила мајка ѝ, па некако не беше баш задоволна од тоа!

Сè започна во четвртокот кога Крис, туку така, објави твит во која се вели: „Го можеш ти тоа Кендал“, проследен со емотикони шишиња за бебе! Реакциите започнаа со рекордна брзина, а повеќето луѓе логично сметаат дека станува збор за најава за бременост, па веќе започнаа да испраќаат честитки. Другите, сепак, беа во целосен шок, пренесува Дејли Меил.

Сепак, Кендал потоа се огласи со зборовите: „Мамо, ова изгледа како најава за бременост!“ Не откривме што значеше пораката што ја остави Крис, па можеме само да претпоставиме дека Кендал добила улога на бејбиситерка поради некоја причина! Инаку, Кендал е единствената од сестрите Кардашијан и Џенер која сè уште нема деца, а своите избраници ги крие како нозе на змија.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: