Крис Џенер случајно објави неедитирана фотка со Ким: Еве како изгледаат без фотошоп

Крис Џенер случајно објави неедитирана фотка со Ким: Еве како изгледаат без фотошоп

Објавена во: Мода // Moj стил

Мораше брзо да ја избрише...

Откако претходно имаше фијаско со неуредените фотки на Клои Кардашијан, сега сепак се внимава кои објави ќе се споделуваат на социјалните мрежи, но овој пат Крис погреши и објави неуредена фотографија на која се таа и Ким.

Овој викенд малата Чикаго наполни 4 години и секако дека имаше роденденска прослава и дека сите членови на семејството ѝ го честитаа роденденот на социјалните мрежи. Вклучувајќи ја и баба Крис Џенер. Меѓутоа, таа очигледно при објавувањето не забележала дека ѝ се поткрала и една фотографија на која се таа и Ким со Чикаго, а која не е едитирана. Тоа во светот на Кардашијан очигледно е голем грев, бидејќи набрзо роденденската честитка ја снема од профилот на Крис, но благодарение на брзата реакција на обожавателите, сепак остана да живее на Интернет и да се споделува.


Фотографијата наводно не е фотошопирана до крај и тука е проблемот. Крис наскоро објави нова честитка за Чикаго со други фотографии, но за оваа никако не престанува да се зборува. На никој не му е јасно зошто морала да ја отстрани, зошто без разлика на тоа што не е уредена на крај, таа и Ким изгледаат одлично. Ако вака изгледаат на фотографиите без фотошоп, тогаш тоа е за секоја пофалба. Кога ќе се спореди со другите нивни фотографии, јасно е дека лицата не им се израмнети и неприродно совршени.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: