Кристина Арнаудова: „Кога ќе се присетам на тинејџерските години, гласно се смеам!“

Кристина Арнаудова: „Кога ќе се присетам на тинејџерските години, гласно се смеам!“

Оваа недела на тинијџерските години се потсетува пејачката Кристина Арнаудова, која важи за еден од најдобрите вокали кај нас и која е доказ дека токму самодовербата е клучот на успехот.

Таа музичката кариера ја гради ненаметливо и секогаш внимателно ги избира песните кои „живеат“ и неколку години по нивното објавување. Пејачката во едно интервју се присети на нејзините идоли од тинејџерските години и песните со кои растела.

„Растев со Бон Џови, Нирвана, Тексас, Дип Парпл, Роксет, Бјело Дугме, Ареа, Леб и сол, Архангел...Ја сакав Џенис Џоплин, но никогаш не успев да пеам како неа, имаме сосема различна боја на гласот.“, откри Кристина.

Кристина открива и дека на сцената е од многу мала и дека уште од градинка пеела соло и ги водела приредбите.

„Од малечка знеав дека ќе бидам пејачка. Многу ја сакав музиката и постојано бев со микрофонот во рака. Кога имав 15 години, сама се пријавив на аудиција во МТВ за тин-фестивал. Ме избраа и следната година ја снимив мојата прва песна.“, откри пејачката.

Кристина вели дека за основното училиште ја врсуваат убави спомени, згоди и незготди, првата љубов и забавите.

„ Бев одлична ученичка, но не сакав математика, хемија и физика. Најмногу ми одеа стренските јазици. Од тинејџерскиот период имам многу интересни моменти на кои кога ќе се присетам, гласно се смеам.“, открива пејачката.


Можеби ќе ве интересира: