Кризата стигна и во Холивуд: Кои ѕвезди мораа да ги продадат своите имоти и по која цена?
Недостигот на заработка заради пандемијата на коронавирусот влијаеше и на џебовите на познатите, па затоа мораа да се збогуваат со луксузните имоти...
И покрај милионите на сметките, многу sвезди беа принудени да се откажат од големите имоти во кои уживаа, а пандемијата и недостатокот на работа навистина имаа влијание. Сведок за сето ова е тоа што многу ѕвезди сега повеќе продаваат, отколку што купуваат.
И ова е начин да заштеда некој денар, бидејќи гледајќи и по она што се случува во вашите домови - колку е поголем имотот, толку се поголеми вложувањата и одржувањето.
# Том Круз
Прв на листата на оние кои решија да го продадат својот дом е Том Круз, кој својот имот од 320 хектари во Телурајд, Колорадо го продаде за 39.5 милиони долари.
#TomCruise's Telluride house up for sale: http://t.co/HQMjTEyAUN Photos: http://t.co/UquDjXNEhh #Colorado pic.twitter.com/7ICc0gRztB
— CBSDenver (@CBSDenver) March 12, 2015
На имотот се наоѓа вила со седум спални соби и девет бањи, во прашање е местото на кое во 2008 година го интервјуираше Опра Винфри. Во некогашниот дом актерот ги угости и новинарите од „Vanity Fair“ и во таа прилика им покажа фотографии од ќерката Сури, која ја доби со поранешната сопруга Кејти Холмс.
# Фејт Хил и Тим Мегроу
Фејт Хил и Тим Мегроу го продадоа островот од 20 хектари, кој официјално беше на продажба од февруари и тоа за вртоглави 35 милиони долари. Островот се наоѓа на Егзуми на Бахамите.
Двојката во 2003 година го купи имотот наречен „L'île d'Anges“, кој го нарекуваат и Гот Кеј, а пред четири години нивниот дом беше екслузивно прикажан во емисијата „Architectural Digest“. Тие двајца тогаш изјавија дека тој имот на Бахамите бил само мала колиба кога го купиле.
Потоа, за него изградија осум павилјони во 2012 година. Според „24 сата“, сега станува збор за дом од 6.517 квадратни метри со апартмани со четири спални соби, пет бањи и опсерваторија, а сите се поврзани со прекриени веранди и премини од речиси 5.000 квадратни метри.
# Жизел Буншен и Том Брејди
На почетокот на јануари оваа година, некогашниот супермодел Жизел Буншен и играчот на американски фудбал Том Брејди, се простија од луксузниот имот во околината на Бостон за 32.5 милиони долари, откако на продажба беше повеќе од една година.
Двојката од август 2019 година, продала имотот од 12.112 квадратни метри за 39.5 милиони долари.
Тоа е куќа со пет спални соби и седум бањи, а луксузниот имот може да се пофали и со вински подрум, теретана и спа центар, кој вклучува кревет за масажа, сауна и простор за медитација, даска и две кујни.
# Мет Дејмон
Исто така во јануари некогашниот холивудски заводник Мет Дејмон објави дека ја продава резиденцијата во областа Пацифик Палисадес за 21 милион долари.
Куќата од 13.508 квадратни метри се наоѓа во една од најпосакуваните улици на тоа подрачје, а во неа има седум спални соби и 10 бањи. Се простира на површина од повеќе половина хектар, домот е опкружен со зеленило и е еден од најголемите имоти во омилениот кварт, кој американските ѕвезди го обожуваат.
# Памела Андерсон
Куќа продава и Памела Андерсон. Таа во почетокот на март на продажба ја стави вилата покрај океанот, која има четири спални соби и четири бањи. Актерката бараше 14.9 милиони долари, а во таа куќа има живеено повеќе од две децении.
Памела куќата ја купи за 1.8 милиони долари во 2000 година, според пишувањето на „Лос Анџелес Тајмс“, а првпат се обидела да ја продаде во 2013 година, барајќи за неа 7.75 милиони долари. Откако тајно се омажи за својот телохранител Ден Хејхрст во јануари, одлучи да се врати назад во Канада, каде со новиот сопруг ќе живее на некогашниот имот на нејзината баба на островот Ванкувер.
# Лили Колинс
И младата актерка се најде на листата на оние кои решија да го продадат својот луксузен дом. Својата вила на Беверли Хилс ја продаде за 13.5 милиони долари.
Куќата има 4 спални соби и 5 бањи, а изградена е уште во 1954 година од страна на познатиот архитект Џон Елгин Вуфл. Домот се наоѓа покрај познатиот булевар Сансет. Содржи библиотека, бар, свечена трпезарија, трпезарија, тераса со базен, када со џакузи и кабина за пресоблекување и тениско игралиште со места за најмногу шест лица.
Убавата актерка, која имотот го купи во 2016 година, во куќата живееше за време на карантинот со од неодамна вереникот Чарли Мек Даул, автор и режисер.
фото: PRINTSCREEN/YOUTUBE