Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Мирисот на книгата може да биде вистинско волшепство за оние кои го ценат пишуваниот збор и уживаат во читањето. Тој може да потсети на спомени од детството, на часовите во библиотеката или во книжарницата, или на пријатните моменти што сме ги поминувале со семејството и пријателите. А, библиотеката е вистинско место за знаење, и не само за знаење, туку и за истражување, учење и инспирација. Таа е магично место каде што луѓето можат да најдат огромно богатство на информации и ресурси. Библиотеката, со својата тивка атмосфера, удобни столови и добро организирани книги, претставува идеално место за сите кои сакаат да се потопат во својата мисла и да се фокусираат на текстот пред нив. А, поттикнувањето на младите да читаат од најрана возраст е од голема важност за нивниот когнитивен, емоционален и социјален развој. Со пристап кој ги поттикнува младите да читаат од рана возраст, може да им се обезбеди трајна љубов кон читањето. Во таа насока, како и минатата година така и оваа, во рамките на кампањата ,,Месец на осигурување“, Кроациа осигурување во соработка со својот партнер НЛБ Банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје , уште еднаш потврдувајќи ја заложбата за квалитетен образовен процес како една од најважните општествени алки.
Доопремената читалница, проект што започна минатата година, беше пуштена во употреба на 10 мај во присуство на претставници од Кроација, НЛБ Банка и Универзитетската библиотека, а на истиот присуствуваа и четвртоодделенците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ кои имаа можност да слушнат за историјата на библиотеката, содржините и импресивниот книжен фонд од над три милиони дела, а дома заминаа со подарок – книга од македонски автори. На наше огромно задоволство децата со внимание и интерес следеа, прашуваа и сакаа да останат што подолго во просториите на Библиотеката истражувајќи што се крие на долгите полици со безброј книги, a оттаму им кажаа дека за сите три милиони библиотечни единици ако се читаат по пет на ден, ќе им бидат потребни 23 просечни човечки животи од 70 години.
Инаку, Универзитетската библиотека е основана на 23. ноември 1944 година. Таа го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство за идните генерации. Библиотеката дава поддршка и обезбедува извори на информации и услуги на високото образование и научноистражувачката дејност.
ПР објава