Кроација Oсигурување неживот во првиот квартал се искачи на трето место по пазарно учество на осигурителниот пазар за неживотно осигурување во земјата
Кроација осигурување - неживот продолжува да бележи одлични резултати и во првиот квартал од годинава се искачи на трето место по пазарно учество, покажуваат најновите податоци од Националното биро за осигурување (НБО).
Во првите три месеци од годинава друштвото забележа раст на бруто полисирана премија во сите класи на осигурување, а најмногу во класата Доброволно здравствено осигурување.
Во овој сегмент од пазарот на неживотно осигурување, Кроација осигурување – неживот има постигнато извонредни резултати, со што успеа да заземе речиси 40 отсто од вкупната полисирана премија, да се најде на лидерска позиција и да ја продолжи својата стратегија на препознатливост по добрата услуга и сигурноста која ја нуди преку овој производ.
Во месец мај, Кроација осигурување неживот прославува две години од воведување на овој производ како дел од своето портфолио и одличните резултати се одраз на визијата и посветеноста на компанијата да биде препознаена по најдобра услуга и сигурност при потреба од здравствена заштита. Кроација Осигурување неживот е единствена компанија која воведе болничко лекување поради Ковид-19, со што покажа дека ги препознава потребите на клиентите.
* ПР - објава