Кроација Осигурување со еко-aкција за почист Градски парк
Осигурителната компанија Кроација Осигурување, денеска, во заедничка организација со Хрватскиот деловен клуб и во соработка со Град Скопје организираше акција за чистење на Градскиот парк во Скопје. Во рамките на иницијативата насловена - Кроација за чиста животна средина, вработените од компанијата спроведоа еко-акција за собирање на расфрланиот отпад во околината и во централниот дел на Градскиот парк.
„Компанијата Кроација Осигурување со години наназад успешно функционира на македонскиот осигурителен пазар и за сето тоа време реализира бројни општествено одговорни активности коишто позитивно влијаат на заедницата. Нашите вработени, свесни дека промените во општеството започнуваат од поединецот, без размислување одлучија да ја поддржат оваа еко-акција и преку нивен личен пример, заложба и труд, да ја подигнат еко-свеста кај секој граѓанин, организација и компанија за давање придонес за подобрување на животната средина. И на тој начин да помогнат во обезбедување услови младите генерации безгрижно да растат во чиста и здрава природа“ – велат од Кроација Осигурување.
Компанијата и за во иднина најавува вакви еко-акции со цел да се направат значителни позитивни промени во општеството.