Крушево: Вашата следна дестинација за планински велосипедизам! Бесплатно изнајмување на велосипеди, секој викенд, цел јуни!

Крушево: Вашата следна дестинација за планински велосипедизам! Бесплатно изнајмување на велосипеди, секој викенд, цел јуни!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Во пресрет на 3ти Јуни, Светскиот ден на велосипедот #WorldBicycleDay, со големо задоволство потсетуваме на развојот на Крушево како дестинација за планински велосипедизам! 

Еве некои од достигнувањата што нѐ доведоа до тука:

  • Трасирање на висококвалитетни патеки за планински велосипедизам
  • Изградба на велосипедски патеки по меѓународни стандарди со швајцарска поддршка
  • Официјално отворање на велосипедските патеки со крос-кантри велосипедска трка
  • Се проширува постоечката туристичка понуда и се отвораат нови можности и придобивки за сите локални чинители во туризмот за годините што следат

Швајцарија преку Increasing Market Employability-IME и швајцарската амбасада континуирано поддржува активности за развој на активниот туризам во Крушево во сорабитка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Нашиот рекреативен центар ви нуди бесплатно изнајмување на MTB велосипеди секој викенд во текот на месец јуни. 


 Инфо и резервации на 072805805


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: