Ксенија ги избриша сите фотки со Ивана и Сања: На профилот остави само 4 објави, а сега се знае и причината
Следбениците на Ксенија Кнежевиќ беа и повеќе од изненадени кога видеа дека на профилот на Ураганката останаа само 4 објави, додека сите фотографии со Сања Вучиќ и Ивана Николиќ ги избришала.
Многумина поради тоа се сетија на изјавата на Сања од пред неколку месеци: „сè си има свој рок на траење“, кога проговори за распадот на „Hurricane“ и затоа сите помислија дека дошло до распаѓање на популарниот бенд.
Сепак, причината не е она што сите мислеа, а истата ја објасни нејзиниот татко, Ненад Кнежевиќ Кнез за IdjTV.
„Со нив сè е во најдобар ред, а ги избриша бидејќи имаше некои проблеми со хакери“ - одговори Кнез и со самото тоа откри дека не дошло до никаква кавга помеѓу девојките.
Ксенија Кнежевиќ неодамна беше во центарот на вниманието поради наводната врска со актерот Павле Менсур, по што се пишуваше дека сепак му се вратила на поранешното момче со кое се забавуваше пет и пол години.