Ксенија Кнежевиќ се смири со поранешното момче: Ураганката ја обнови врската, а од младиот актер ни трага ни глас

Ксенија Кнежевиќ се смири со поранешното момче: Ураганката ја обнови врската, а од младиот актер ни трага ни глас

Објавена во: Живот // Живот

Ксенија Кнежевиќ наводно се смирила со поранешното момче Никола со кое неодамна раскина...

Ураганката Ксенија Кнежевиќ, повторно е во прегратките на своето поранешно момче Никола, со кое неодамна раскина, а според пишувањата на медиумте, набрзо по разделбата започнала врска со младиот актер Павле Менсур.

Причината за неодамнешната разделба на Ксенија и Никола наводно била тоа што емотивните партнер во последно време се оддалечиле.

На неа таквата врска повеќе не ѝ одговарала, на нејзината енергија ѝ била потребна онаа страст и заљубеност, како на почетокот, пишува „Телеграф“.

„Изгледа дека оваа романса не траела долго и решила да му се врати на Никола со кој била години наназад. Сфатила дека на таа голема љубов требало да ѝ даде уште една шанса“ - наведе изворот за споменатиот медиум.

Во прилог на овие наводи, зборува и објавата на Никола. Имено, тој на својот Инстаграм профил сподели стори со заедничка фотографија со Ксенија на која ја бакнува.

Згодната Ураганка својата врска ја криеше од очите на јавноста, а само неколку пати зборуваше за својот љубовен живот, а во една прилика за Никола кажа:

„Момчето со кое се забавувам го познавам цел живот. Прво се дружевме, а потоа се роди љубов помеѓу нас. Пет години сме заедно и мислам дека тој ќе биде тој за кој ќе се омажам.

Не планираме во скоро време ни брак ни деца, затоа што се млади. Двајцата се фокусирани на кариерите, но кога ќе дојде време за тоа, ќе се омажам, нема да бегам“ - говореше своевремено Ксенија за Никола.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: