Куче со хендикеп ги разнежни сите: Стана маскота на позната фабрика за чоколади

Куче со хендикеп ги разнежни сите: Стана маскота на позната фабрика за чоколади

Објавена во: Совети // Семејство

Кедбери е компанија која популарноста ширум светот ја доби со производство на чоколадни украсни јајца. Од фабриката организираа конкурс и пронајдоа нова маскота.

Компанијата по неколку аудиции ширум САД го избра ловџиското кучи со две нозе, по име Поручник Дан. Кучето во количка оваа година ќе ја има титулата на „Велигденски зајак“.

Поручникот Дан за време на снимањето носи големи розеви уши. Претходно преживеал бројни невољи и ги освои симпатиите на луѓето ширум САД. Роден е со деформитет на задните шепи, кој предизвикал ампутација на задните нозе. На конкурсот победил во конкуренција со бројни домашни миленици, како што се хрчаци, лама и патка, пишува CNN.

Дан е избран благодарејќи на ведриот дух кој го има и покрај инвалидитетот. Скока како велигденски зајак, а неговата енергија е неверојатна.

„Поручникот Дан е пример за страст и борбеност која е неопходна за да се совладаат најголемите животни препреки“ - вели бренд менаџерот на Кедбери, Итан Мандел.

Лора Вебер од Охајо го вдомила Дан кога имал само 5 месеци. Името го добил по ликот од филмот „Forest Gamp“, на кој му биле ампутирани нозете. Кучето за да се движи користи количка, а толку е активен што некогаш не му е ни потребна.


„Поручникот Дан не знае за својот хендикеп. Само знае дека има прекрасен живот и секој ден ужива во него“ - вели неговата сопственичка.

Новата ѕвезда на САД ќе се во појави во рекламната кампања, а нејзиното семејство ќе се збогати за 5.000 долари.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: