Куче стоеше на мост 4 дена и гледаше во водата: Приказна која ги скрши дури и најтешките срца

Куче стоеше на мост 4 дена и гледаше во водата: Приказна која ги скрши дури и најтешките срца

Објавена во: Совети // Семејство

Кога минувачи се обидоа да го одведат, кучето избега
Фотографиите од верното милениче што седи до оградата на мост во Кина ги крши дури и најтешките срца. Сведоците изјавија дека го очекува неговиот сопственик да се врати по трагедијата, која се случила на 30 мај. Кучето побегнало кога минувачите се обидоа да го одведат ...

На ова место, неговиот сопственик си го одзеде сопствен живот на споменатиот ден.
Фотографиите првично биле направени од случаен минувач, откако забележале куче како чека на мостот. Тој имал намера да посвои куче, се обидел да го однесе во петок, но животното избегало, пишува Дејли Меил.

Ду Фан, директор на Здружението за заштита на мали животни од Вухан, ја виде објавата на тој човек и почна да го бара животното со локални доброволци.

Г-дин Ду им изјави на новинарите дека кучето го придружувал својот сопственик до мостот вечерта на 30 мај.

„Побаравме од надлежните лица на мостот да проверат што точно се случило. Беше навистина темно, не можевме да видиме многу на снимките од надзорната камера“, изјавил Ду во петокот. Сепак, на крај видоа доволно - човекот се самоубил со скокање од мостот, а кучето останувало да го чека со денови.

Организацијата за заштита на животните издаде изјава за сите волонтери, дека се додека не се најде кучето, тие нема да престанат со потрагата. Веста за тоа стигна и до социјалните мрежи, каде сите се соединија што поскоро да го пронајдат кучето.

„Срамота е такво лојално куче да остане на улица“, рече Ду.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Shutterstock

Имаш мачка, куче или нешто трето: Што открива за твојот карактер миленичето кое го чуваш?


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: