Куќата со базен на Клои Кардашијан: Двор од соништата и ентериер кој не се заборава

Куќата со базен на Клои Кардашијан: Двор од соништата и ентериер кој не се заборава

Објавена во: Совети // Семејство

Нема сомнеж дека куќата на Клои Кардашијан ќе им се допадне на многумина...

Една од познатите сестри Кардашијан, Клои го купи овој имот од популарниот пејач Џастин Бибер, веднаш по разводот со Ламар Одом во 2013 година.

Таа се простира на повеќе од половина хектар, а самата куќа во населбата Калабасас во Калифорнија има повеќе од 1000 квадрати.

Меѓутоа, не е само пространството она што ја прави оваа резиденција спектакуларна.

Фактот дека собите се уредини на навистина прекрасен начин и истите ќе им се допадната на сите оние кои сакаат пастелни бои, кога е ентериерот во прашање.

Колку за тоа е заслужна милионерката и нејзиниот вкус, а колку дизајнерот Мартин Лоренс Бјулар кој ги смили и предложи овие решенија - нема да погодуваме.

Останува фактот дека куќата и градината се прикажани во реномираното издание на Architectural Digest, заедно со куќата на нејзината сестра Кортни, која живее во близина. Имено, сестрите го ангажирале истиот дизајнер, па се двете куќи се гледа неговиот печат.

Во куќата има елегантен базен, но вниманието го привлекува големиот и преубаво уреден двор.

Одвоено е место за сончање покрај базенот, но и неколку посебни „градинарски соби“ кои нудат можност за одмор, опуштање, седење со гости и тивки попладниња во сенка.

Куќата е понудена на продажба во мај 2020 година, за скоро 19 милиони долари, што значи и профит од 10 милиони долари во однос на платената цена.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од куќата на Клои.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: