Купи еден, усреќи двајца – со купување на уред од серијата Samsung Galaxy S23, новата серија Galaxy Z серија или Watch6, добивате одличен подарок

Купи еден, усреќи двајца – со купување на уред од серијата Samsung Galaxy S23, новата серија Galaxy Z серија или Watch6, добивате одличен подарок

Објавена во: После „Школо“ // PR

Samsung подготви специјална понуда со која корисниците кои ќе купат Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5 или уред од серијата Galaxy S23 ќе добијат паметен телефон Galaxy S21 FE, додека со часовникот Galaxy Watch6 ќе добијат Galaxy Tab A8. Промоцијата трае од 12.10. до 10.11.2023 година, или додека не се потрошат залихите за подароци.

Поврзување на паметниот екосистем

Ова е период од годината кога се враќаме на нашите рутини и секојдневни активности, во училишните клупи, факултетот и работните места. Како што напредува есента, така ни доаѓаат сè повеќе обврски, па затоа технолошката поврзаност е од суштинско значење за нивното навремено и поедноставно извршување. Samsung ни носи уникатен и целосно поврзан екосистем, кој во голема мера ќе го олесни враќањето во напорните денови, а со специјалната понуда обезбедува и идеална можност за купување подароци за претстојните празници.

Одличен избор за овогодинешните подароци е петтата генерација на телефоните Galaxy на преклопување - Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, кои нудат уникатни искуства со уште поиновативни функции, пософистициран изглед и практична употреба. Новата преклопна шарка на компактните уреди обезбедува дополнителна сигурност со естетски избалансиран дизајнво неколку бои инспирирани од природата за максимална елеганција. Со својот Flex Window екран и подобрените опции на камерата, Galaxy Z Flip5 е вистински професионален уред за креативно изразување. FlexCam обезбедува можности за фотографирање од најпребирливите агли, а подобрениот режим на камерата Nightography ги оптимизира фотографиите дури и во услови на слаба осветленост. Со својот голем екран и долготрајна батерија, Galaxy Z Fold5 ги носи најмоќните перформанси на серијата Galaxy Z досега. Благодарение на функциите како што се Multi Window и подобрениот Taskbar, корисниците добиваат целосно мултитаскинг искуство и значително забрзано извршувањето на секојдневните задачи, а поради моќната мобилна платформа Snapdragon® 8 Gen 2 за уредите на Galaxy, гејмингот се доведува на повисоко ниво.

Серијата на уредите Galaxy S23, исто така, носи нови функционалности и карактеристики. Дизајнирани се на начин да имаат поголема издржливост, а нивната најважна карактеристика е моќната камера. Со дури четири камери, функцијата Nightography и технологијата Dual Pixel, тие лесно се прилагодуваат на сите агли и услови, постојано создавајќи беспрекорни фотографии и видеа. Galaxy S23 Ultraима уште помоќни перформанси, а пенкалото S Pen на корисниците им овозможува прецизно користење и повеќе начини на изразување.

Со паметниот часовник Galaxy Watch6или елегантниот Galaxy Watch6 Classic, вие имате пристап до речиси сите клучни податоци или омилени апликации директно од вашиот екран, а со подобрените функции за следење на здравјето и сонот, дополнително се зголемуваат можностите на Galaxy Z Fold5 и Galaxy Z Flip5, како и на серијата паметни телефони Samsung Galaxy S23. На секој чекор, можете да ги следите и да имате увид во вашите физички способности со опцијата за персонализирана зона на срцевите отчукувањата или да ги следите вашите навики за спиење со анализа на факторот наспиење.

Купи еден – усреќи двајца!

Samsung подготви специјална понуда со која корисниците кои ќе купат уред од серијата Samsung Galaxy S23 или Galaxy Z, како подарок добиваат паметен телефон Galaxy S21 FE, додека со часовникот од серијата Galaxy Watch6 ќе добијат Galaxy Tab A8. Понудата трае од 12.10. до 10.11.2023 година или додека не се потрошат залихите. За повеќе информации за промоцијата, видете на следниот линк.

*пр-објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: