Квалитет, автентичност и уникатна изработка: OMEGA ја презентираше колекцијата 2021
Годината која е зад нас не научи да ја цениме секоја секунда од животот, а со самото тоа времето никогаш не ни било поважно. Со самото ова, дојде и потребата за вредностите на квалитетот, автентичноста и изработката да станат важни.
Претседателот и директор на OMEGA, Raynald Aeschlimann, новата колекција часовници на брендот ја најави со овие зборови, а потоа додаде:
„Ние во Омега го цениме квалитетот, автентичноста и уникатната изработка. Се повеќе луѓето ги ценат добро изработените производи со умешноста на човечката рака. Во новата колекција ја продолжуваме нашата долгогодишна приказна, во комбинација со модерни иновации и технологија. Нашите часовници ги преминуваат стандардите за извонредност за да им овозможат на клиентите инспиративни безвременски парчиња.“
Во продолжение ѕирнете во новите модели на OMEGA, кои без сомнеж ќе станат едни од омилените часовници во следнава година:
1. SEAMASTER 300
За првпат е создаден во 1957 година од OMEGA и со самото тоа ова е еден од најпознатите часовници во историјата на водоотпорните часовници. Овој часовник секогаш наидува на воодушевување од нуркачите, а со самото тоа остана иконски повеќе од 60 години.
Во колекцијата SEAMASTER 300, оваа година за првпат е презентиран и ексклузивниот модел BRONZE GOLD.
2. CONSTELLATION SMALL SECONDS
Создаден во 1952 година, овој часовник стана траен симбол на убавината и прецизноста на OMEGA. Изгледот за кој знаеме денес, за првпат пристигна во 1982 година и отткогаш стана еден од најпознатите дизајни на часовници во светот. Оваа година, OMEGA додаде нова палета на модели во колекцијата Small Seconds, кои ги збогати со повеќе дијаманти и голем број уникатни детали.
3. DE VILLE TRÉSOR POWER RESERVE
И мажите може да кажат добредојде на новите модели од колекцијата De Ville Trѐsor. 2021 година со себе ги носи едноставноста и рафинирањето. Овие часовници дефинитивно се за оние кои претпочитаат класични модели.
4. SEAMASTER AQUA TERRA
Моделите од 2021 година од оваа колекција даваат акцент на елефанцијата, пред сѐ поради луксузните рамки. Соврешен избор за жените кои сакаат да бидат „заслепени“ секој час.
6. SEAMASTER DIVER 300M BLACK BLACK
Во 1993 година за првпат овој модел е претставен на јавноста. Но, денес, 28 години подоцна од OMEGA ја претставија најтемната верзија од истиот. Останува доследен на оригиналниот 300М дизајн и секако тука е и гаранцијата дека часовникот ги исполнува сите потребни функци на часовник за нуркање.
Овие модели на OMEGA часовници наскоро ќе бидат достапни и кај нас, а „Божиновски“ ќе се потрудат за да ни бидат претставени одблизу.
* ПР - објава