Квалитетното образование како почетна точка за успешна професионална кариера

Квалитетното образование како почетна точка за успешна професионална кариера

Објавена во: После „Школо“ // PR

Патот кон успешна кариера е секако преку квалитетното образование, а изборот на факултет е клучен и најважен избор кој понатаму ќе помогне во остварување на целите, оформување на когнитивната моќ и способност за секојдневните предизвици. Доколку се стремите кон врвна професионална кариера, тогаш Меѓународниот Балкански Универзитет е вистинската почетна точка.

МБУ, според Шангајската листа, е најдобриот факултет во Северна Македонија во областа на наставата и учењето, единствен факултет кој нуди 100% настава на англиски јазик и кој има над 30 програми за додипломски, магирстерски и докторски програми.

Од оваа година, за првпат МБУ воведе доделување стипендии според постигнатиот успех во средното образование.Според оваа нова програма,средношколците, во зависност од нивниот успех, имаат можност да се здобијат со стипендија од 50до 100% за секој семестар.

Целосна стипендија, според новата програма на МБУ, е предвидена за оние ученици кои се прогласени за најдобри во генерацијата, што се докажува со потврда извадена од средното училиште, а идните студенти ќе бидат целосно ослободени од школарина.Стипендија од 80% ќе важи за оние ученици со среден успех 5.00, а нивната школарина ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 добиваат стипендија од 70%, односно ќе плаќаат школарина од 300 евра. Стипендија во вредност од 60%, односно школарина од 400 евра по семестар, добиваат учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49 и 50% стипендија, односно школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

Седумте области кои МБУ ги нуди на додипломците се: Факултет за инженерство, Факултет за економски и административни науки, Факултет за хуманистички и општествени науки, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за уметност и дизајн и Факултет за комуникации.

Меѓународниот Балкански Универзитет на своите идни студенти им нуди кампус од светски ранг, одличен академски кадар и модерен, квалитетен, студентски-фокусиран и кариерно-ориентиран образовен систем.

Студентите на МБУ имаат можност да ја користат програмата Еразмус+ и да добијат целосна мобилност во еден од 200-те универзитети во повеќе од 40 земји во светот со кои МБУ соработува. Веднаш по завршување на студиите, МБУ на своите студенти имгарантира започнување кариера во еден од многуте бизнис заедници со кои има одлична соработка и однос.

Дури 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработени и веќе градат успешна кариера.

Земете ја академската иднина во свои раце и аплицирајте денес.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: