Лабрадор секој ден сам се вози во автобус: Луѓето се разненија кога дознаа каде оди

Лабрадор секој ден сам се вози во автобус: Луѓето се разненија кога дознаа каде оди

Објавена во: Совети // Семејство

Ова куче е вистински цар...

Еден Лабрадор од Сиетл секој ден се вози со автобус по иста рута. На постојката, тој трпеливо го чека автобусот, се качува и излегува по неколку застанувања. Подоцна, тој се враќа пеш по истата траса во спротивна насока.

Случајните минувачи и патниците од автобусот се заинтригирале од оваа ситуација, дотолку што забележале дека кучето има залепено билет за јаката.

„Wamiz“ пренесува дека се покажало дека куче по име Eklips оди во паркот за кучиња со согласност на неговиот сопственик. Тој го знае патот до него и најголемиот дел од патот оди сам.

Со приказната е запознаена и полицијата, а Eklips го познаваат и сите возачи на автобуси на линијата со која патува.

Секако, приказната ги воодушеви патниците кои се заљубија во овој лабрадор и неговата приказна, која е доказ за тоа колку кучињата се интелигентни.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: