„Лажната“ милијардерка заработила повеќе од Роналдо, Федерер и Меси заедно
Таа е прогласена за најплатената личност за 2020 година...
Откако магазинот „Forbes“ и ја одзема титулата најмлада милијардерка на Кајли Џенер, повторно ја врати на врвот на листата.
Овој пат станува збор за листата најплатени познати личности за 2020 година.
Таа со заработката од 590 милиони долари се најде на првото место, додека второто место му припадна на Канје Вест со 170 милиони.
На третото место е Роџер Федерер со 106,3 милиони, потоа Роналдо (105 милиони) и Меси (104 милиони).
Доколку судиме по оваа листа, Кајли заработила повеќе од Вест, Федерер и Роналдо заедно, а најголем дел од заработката ја остварила со продажба на производите од својата козметичка компанија.
Моментално вредноста на нејзиниот имот, според „Forbes“ е проценета на 900 милиони долари.