Лажниот Путин на ТикТок го следат милиони: Го гледаат како танцува и чисти снег, не веруваат дека не е вистински
Многумина кои го следат лажниот профил не се свесни дека во прашање „deepfake“...
На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори профил на ТикТок наречен „Првиот човек на Русија“, посветен на рускиот претседател Владимир Путин. За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.
Каналот објавува т.н. „deepfake“ видеа на актер кој го имитира Путин. Технологијата „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на друга личност.
Честопати ваквите снимки изгледаат толку реалистични што многу корисници не се во можност да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.
На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува на популарните хитови на ТикТок, посетува теретена, сауна, покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.
@1facerussia Годы летят...Но старая рубашка ещё налезает ##естьсходство ##необычныйобраз ##непоймивочто
оригинальный звук - Oksukpaevak
За тоа колку е популарен профилот, најдобро сведочи видеото на кое „Путин“ ја пробува својата омилена кошула, кое го виделе повеќе од 90 милиони пати, пишува РТЛ.
Некои корисници не разбираат дека „Путин“, кој се појавува на снимките е креација на вештачката интелигенција и му поставуваат прашања на „претседателот“, а тој „со задоволство им одговара“.
@danikpro32 ##дуэт с @1facerussia
оригинальный звук - Первое лицо
Во неколку видеа, лажниот Путин чисти снег во Новосибирск и вели дека патиштата не треба да се чистат „освен кога тој доаѓа во посета“.