ЛЕЈДИ ГАГА НА СВОЕТО ВРЕМЕ: Стилските лудории на Сузана Спасовска (ФОТО)

ЛЕЈДИ ГАГА НА СВОЕТО ВРЕМЕ: Стилските лудории на Сузана Спасовска (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас, раскажа познатата пејачка во една прилика

Во деведесеттите години на минатиот век сите зборуваа за ексцентричноста во облекувањето по која беше препознатлива. Таа беше Лејди Гага на своето време, иако тогаш многумина ја етикетираа како кралица на невкусот. Познатата пејачка Сузана Спасовска немаше обичај да им реплицира на критичарите. Нејзиниот одговор тогаш, но и сега е дека едноставно чекорела побрзо од другите.

- Можеби е нескромно, но морам да кажам дека сѐ што се случуваше ново на сцената, интересно, поинакво и чудно го донесов јас. Бев прва во сите стилски лудории. Во тој период немаше стилисти како сега што ги има на секој чекор. Периките и уметоците во сите можни бои ги носев јас, а повеќето ги набавив директно од театарот во Сиднеј. Ми текнува на првите леќи за очи во лила боја, трајна шминка, чевли со висока платформа и огромни потпетици, високите чизми над колена, мини здолништа, шорцеви и корсети – раскажа познатата пејачка во едно интервју.

Многумина се сеќаваат и на џиновските плакати со избричена коса во 1996 година, двете театарски претстави „Кој ја уби С.С.“ и „Ќелавата пејачка“, на нејзиното влегување на концерт во Австралија со мотор.

- Најважно е што за сето ова има докази, па сите оние кои денес прават нешто од наброеното треба да знаат дека некој пред нив одамна го направил и дека оригиналот сѐ уште е тука на сцената. Стилот на почетокот и со текот на годините во мојата кариера направи да бидам поинаква и единствена – порача пред неколку години Спасовска.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: