Лејди Гага позираше во костим за капење: „Трудничкото“ стомаче нагло исчезна
Најверните обожаватели на американската пејачка се надеваа дека нивната контроверзна ѕвезда ќе се оствари во улогата на мајка, но се излажаа. Овие денови таа се сончаше во костим за капење и ја покажа својата линија.
Пејачката Лејди Гага веќе неколку месеци е на мета на критичарите поради чудните модни комбинации. Иако на тоа веќе би требало сите да бидат навикнати, бидејќи таа и на многу важни настани доаѓа во необични изданија.
Во јуни се прошета во дуксер - туника и во прв план ги стави своите „несовршености“ од кои никогаш не се срамела. Сепак, одредени луѓе почнаа да зборуваат дека пејачката заедно со нејзиното момче Мајкл Полански очекуваат принова.
Но, со најновата објава, Лејди Гага на сите им ги затвори устите. Имено, таа објави фотографија на која на себе носи само костим за капење и така го покажа своето тело.