Лејди Гага за Ариана Гранде: Многу е ретко да се има искрен пријател во светот на музиката

Лејди Гага за Ариана Гранде: Многу е ретко да се има искрен пријател во светот на музиката

Објавена во: Совети // Другарство

Лејди Гага за многумина убедливо е една од најкреативните и најкомплетни поп изведувачи на новата генерација, а Ариана Гранде се сметат за поп принцеза со англиски глас - вакво дуо ретко се спојува, што се покажа и на доделувањето на МТВ наградите, кога девојките практично „жнееја“ и номинации и награди, а нивниот настап беше настап за кој најмногу се зборуваше и се уште се зборува. „Rain On Me“ ја одбележа 2020 година како еден од хитовите на годината, а девојките не создадоа само одлична соработка туку и искрено пријателство, за кое и Гага редовно зборува во своите интервјуа.


Да знаеме колку е само тешко во оваа индустрија да имате искрена женска пријателка, тоа е како да гледате прасиња кои летаат. Ариана ја обожувам, таа е прекрасна девојка“ - изјави Гага повторно. И кога ја презема нивната заедничка награда за „Rain On Me“,  Гага покажа големо почитување кон Ариана: „Ариана и јас сме сродни души, девојко, ова е за нас, поминавме низ некои лоши моменти, но бевме подготвени заедно да поминеме низ тоа“ - раскажа таа.

Приказната на Гага од збор до збор ја потпишува и нејзиниот соработник за кореографии, Ричи Џексон, кој присуствуваше на прекрасната соработка на Ариана и Гага: „Ариана си дозволи да ужива во нашиот свет. Толку се ослободи и препушти на светот на Гага и се трудеше да го даде својот максимум, имаше желба да зборува за шминка, облека, коса, кореографии, апсолутно за сѐ“ - кажа Ричи Џексон, кој одлично го познава стилот на Гага, а кој исто така го запозна и Ариана.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: