Лејди Гага: Живеела во беда, била злоупотребувана, нарекувана изрод, а денес е светски позната

Лејди Гага: Живеела во беда, била злоупотребувана, нарекувана изрод, а денес е светски позната

Објавена во: Stars // Музика

Познатата пејачка навистина може да каже дека имала живот како на филмско платно

Пејачката Лејди Гага има животна приказна која никого не остава рамнодушен. Маркетинг или чист талент, музичка sвезда или манипулатор со масовни медиуми? И додека многумина размислуваат за тоа која е всушност личноста која се нарекува Лејди Гага, таа ги крши сите табуа и добива милиони обожаватели низ целата планета кои преку ноќ станаа едно големо семејство. Нејзиниот живот е далеку од обичен, а како што наведува самата, линијата што ја дели од генијалност до целосно лудило одамна е прекината.

Родена е во Њујорк на 28 март 1986 година како Стефани Герамонте, најстарата ќерка на Џозеф Герамонте и Синтија Бисет. Нејзината висина е само 155 см, поради што постојано носи чевли со високи потпетици, а при снимањето на видео спотовите, таа користи специјална компјутерска обработка, што и овозможува да изгледа повисоко. За разлика од милиони други луѓе кои го паметат своето детство со играчки и поминуваат време со други деца, оваа триесет и петгодишна жена своето детство го памети исклучиво по напорна работа. 

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/Ledi-Gaga.jfif">

[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=3539&campaignid=2219&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fedna-sredba-i-promeni-se-ziveeshe-vo-beda-pretrpe-zloupotreba-beshe-narekuvana-izrod-a-denes-e-svetski-poznata&referer=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fsearch%3Fpage%3D2%26q%3D%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B4%25D0%25B8%2520%25D0%25B3%25D0%25B0%25D0%25B3%25D0%25B0&cb=e0e270e63e" width="0" height="0" alt="">

Бев тивка, повлечена и не зборував многу, во еден период ме однесоа кај детски психолог за да видам што ми се случува. После една година, тие сфатија дека е подобро за мене да ме остават сама и да си ја гледаат својата работа затоа што можам се‘ да правам сама“, се сеќава Гага, која ја напиша својата прва песна кога имаше само единаесет години. 

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/aaa.JPG">

[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fedna-sredba-i-promeni-se-ziveeshe-vo-beda-pretrpe-zloupotreba-beshe-narekuvana-izrod-a-denes-e-svetski-poznata&referer=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fsearch%3Fpage%3D2%26q%3D%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B4%25D0%25B8%2520%25D0%25B3%25D0%25B0%25D0%25B3%25D0%25B0&cb=f81836c5e6" width="0" height="0" alt="">

„Не сакам премногу да се враќам назад во времето затоа што мислам дека е губење време. Поминав страшни денови како тинејџер затоа што преку ноќ се сретнав со најстрашната форма на психолошко малтретирање од страна на други деца во средното училиште. Отсекогаш бев различна и не се вклопив во шаблоните. Имав само неколку пријатели и сакав музика. 

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/aaaa.JPG">

„Ме плукаа и ми зборуваа дека смрдам, дека сум изрод, грешка на природата што има црвена и сребрена сенка на очите. Сега тоа ми се чини смешно, но тогаш беше многу непријатно. Се заклучив во куќата и свирев нон стоп-седум часа за да се ослободам од целата негативна енергија што ја имав, како и од омразата што ја чувствував кон другите. Грдо е кога мразиш некого, а јас го мразев целиот свет. Денес, жал ми е за тоа“, истакнува пејачката.

[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=3539&campaignid=2219&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fedna-sredba-i-promeni-se-ziveeshe-vo-beda-pretrpe-zloupotreba-beshe-narekuvana-izrod-a-denes-e-svetski-poznata&referer=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fsearch%3Fpage%3D2%26q%3D%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B4%25D0%25B8%2520%25D0%25B3%25D0%25B0%25D0%25B3%25D0%25B0&cb=de9226ac20" width="0" height="0" alt="">

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/aa.JPG">

„Живеев на ужасно место каде што имаше многу стаорци, а ноќе свирев во кафулиња и заработував доволно колку да не морам да јадам од сопствениот измет затоа што мојот стомак секогаш беше празен. Јас не плаќав сметки и понекогаш ми ја исклучуваа водата, па сепак, во тоа време не бев воопшто несреќна, напротив, водев живот на вистински уметник и само понекогаш, затоа што скоро никогаш не го правам тоа, плачев. 

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/a.JPG">

[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=3539&campaignid=2219&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fedna-sredba-i-promeni-se-ziveeshe-vo-beda-pretrpe-zloupotreba-beshe-narekuvana-izrod-a-denes-e-svetski-poznata&referer=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fsearch%3Fpage%3D2%26q%3D%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B4%25D0%25B8%2520%25D0%25B3%25D0%25B0%25D0%25B3%25D0%25B0&cb=d911fc9b35" width="0" height="0" alt="">

По две години свирење во клубови, нејзиниот американски сон конечно се оствари. Во пресрет на нејзиниот деветнаесетти роденден, таа го запозна продуцентот Роб Фусари кого го воодушеви со својот талент. Набргу потоа, таа потпиша договор со продуцентската куќа Деф Џем, го сними својот прв сингл Boys, boys, boys и се пресели во прекрасен стан на источната страна од градот. Наскоро, уште неколку нејзини песни се најдоа на врвот на топ листите, а популарноста на контроверзната пејачка започна да расте со вртоглава брзина.

[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2021/03/Superboul-Ledi-Gaga.jfif">

[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=3539&campaignid=2219&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fedna-sredba-i-promeni-se-ziveeshe-vo-beda-pretrpe-zloupotreba-beshe-narekuvana-izrod-a-denes-e-svetski-poznata&referer=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Fsearch%3Fpage%3D2%26q%3D%25D0%25BB%25D0%25B5%25D1%2598%25D0%25B4%25D0%25B8%2520%25D0%25B3%25D0%25B0%25D0%25B3%25D0%25B0&cb=b29a8997f4" width="0" height="0" alt="">

Нејзиниот љубовен живот беше многу бурен, и од почетокот на нејзината кариера не го криеше тоа од јавноста, отворено покажа сè пред претставниците на седмата сила.

„Небулозно е да се кријам од папараците. Па, јас сум sвезда и нормално е луѓето да ме следат. Имав многу мажи и жени. Не се срамам од фактот дека уживам и во женското тело, тие се всушност многу поубави од машките, немаат влакна и мирисаат волшебно“, со насмевка на лицето често зборуваше девојчето за кое многумина тврдеа дека е вистинска наследничка на Мадона.

Првата врска на пејачката за која јавноста знае е со шанкерот Лука Карл. Траеше од 2005 до 2008 година, по што Лејди Гага објави дека повеќе не се заедно. Сепак, пејачката тешко се справуваше со разделбата, по што падна во депресија, а во 2010 година се смири со својата поранешна љубов.

Во септември 2011 година, таа го запозна актерот Тејлор Кин, кој играше во нејзиниот спот за песната „You and I“. Набргу потоа, јавноста откри дека започнале љубовна врска во реалниот живот, што парот го потврди со свршувачката во февруари 2015 година. Врската сепак не траеше, а пејачката повторно најде среќа со агентот за таленти Кристијан Карин, но и таа врска заврши со разделба.

Денес, после се‘, таа истакна дека верува во вистинска љубов и вели дека конечно го држи својот живот под контрола, а исто така започнала да го замислува денот кога ќе се омажи.


„Не верувам во судбина, сама ги влечам сите конци и го правам она што мислам дека е добро за мене. Јас сум сепак девојка која силно сака љубов, сега можеби повеќе од кога било досега", истакна неодамна пејачката .

Фото: Profimedia/Инстаграм/ladygaga


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: