Лекарите велат дека е опасно: Девојките полудеа по бизарниот спреј кој ветува неверојатна промена во убавината (ВИДЕО)

Лекарите велат дека е опасно: Девојките полудеа по бизарниот спреј кој ветува неверојатна промена во убавината (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Трендот ветува „убав тен однадвор и одвнатре“...

Солариумите и покрај штетното влијание и спрејовите за самотепмнување кои најчесто даваат портокалова боја, сепак опстојуваат на пазарот и се меѓу неопходните третмани за повеќето девојки кои сакаат потемен тен по секоја цена.

Сега се појави нов производ кој ветува резултати, а начинот на применување е и повеќе од бизарен - се работи за спреј за нос за самопотемнување кој ветува „темен тен одвнатре“, а не се нанесува само во ноздрите. Се разбира, ако нешто звучи сомнително, обично и е. Иако милиони девојки веќе го пробуваат, факт е дека состанов на овие производи во најмала рака е проблематичен. Експертите веќе предупредуваат дека се состојат од многу нерегуларни и недозволени супстанци и дека е можно да остава последици по здравјето.

Една од главните состојки е меланотанот, синтетичка хемикалија која го стимулира телото да произведува меланин.

@hannahtayy #tanning #JimJammin #lockdown #iamforeverflawless #foryou #foryoupage #tanningnasal mood - Trevor

Освен бројните нуспојави на меланотанот кои сѐ уште се проучуваат, засега е сигурно дека, иако навистина го „потемнува“ телото, доведува и до зголемена ерекција.

Покрај тоа, вообичаените несакани ефекти од употребата на меланотанот вклучуваат гадење, промени во крвниот притисок, главоболки и црвенило. Може да предизвика потемнување на бемките и пегите, а научниците се обидуваат да истражат дали може да доведе и до меланом.

Меланотанот и понатаму се тестира и е една од нерегуларните супстанци, поради што производителите на овие спрејови го користат на своја рака, па концентрацијата и неговата интеракција со другите активни состојки е потенцијално опасна.

@glowgetterltd All products are from Glow Getter Ltd #AltogetherDifferent #MyBrawlSuper #nasaltanningspray #sunbed original sound - brum.0121

Бидејќи овој спреј воглавно се користи во ноздрите, нуспојавите се уште посилни.

„Назалните спрејови работат така што испуштаат фин облак течност во носната слуз, која е богата со крвни садови и обезбедува директен пат во крвотокот“ - објаснува д-р Мери Тортон за huffpost.com.

Она што е уште полошо е што многу прозиводители на овој спреј ги советуваат корисниците да бидат подолго време исложени на сончеви зраци по нанесувањето и со тоа дополнително да се изложат на опасност.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: