Лекции за самодовербата кои ни ги даде Ријана: Топ 4 совети кои и самата ги следи
Од неа можеме да добиеме и некои корисни совети...
Ријана секогаш изгледа како да има многу самодоверба! Излегува дека дури и кога не ја чувствува, ја глуми. Што е само еден од нејзините совети кои може на сите да им ги даде. Самодовербата не е лесно да се изгради, но кога ќе се успее во тоа, ќе бидеш сосема нова личност.
Сите сме толку многу фокусирани на своите лоши страни што не е ни изненадувачки што самодовербата ни е на многу ниско или на непостоечко ниво. Се споредуваме со другите и секогша ни изгледа како тие да се позгодни, попаметни, дека имаат подобра врска, повеќе пари, посреќен живот... Како тогаш да имаме самодоверба? Тешко е, но не и невозможно. Познатите личности секогаш изгледаат како да имаат многу самодоверба, а една која секогаш на сите прва им паѓа на ум е Ријана. Како ништо да не може да ја разниша! Сигурно ни таа немала толку самодоверба порано и затоа од неа можеш да собереш неколку совети кои и тебе ќе ти помогнат да научиш да имаш самодоверба. ОВа се нејзините 4 важни лекции.
# Што и да правиш, прави го тоа за себе, не за другите
Тоа е првиот совет и пат кој ќе те одведе до тоа да се засакаш себе. Многу пати сепак треба себе да се ставиш на прво место. Кога одбираш која облека ќе ја носиш или каква шминка ќе ставиш, тогаш треба да го одбереш она што ти се допаѓа на тебе и во што ти е удобно на тебе, а не она за што мислиш дека ќе им се допадне на другите. Кога одбираш која фотка да ја објавиш на социјалните мрежи, треба да биде истото, објави ја онаа која ти сакаш, а не онаа за која мислиш дека ќе собереш најмногу лајкови. Со текот на времето ќе се заљубиш во себе, бидејќи ќе бидеш личноста која ти се допаѓа на тебе, а нема да глумиш дека си некој, само за другите околу тебе да бидат среќни.
# Глуми дека имаш самодоверба
Сите имаат денови кога се чувствуваа грдо и кога самодовербата им е на нула, но наместо да се самосожалуваш, одглуми. Глуми дека имаш самодоверба. Глуми дека ти е толку добро што ќе се увериш и самата себе. Некогаш е добро да се исплачеш кога си тажна, но постојат ситуации кога едноставно треба да ги стиснеш забите и да ја кренеш клавата. Иако можеби нема да чувствуваш како да имаш самодоверба, во очите на другите ќе изгледаш како да имаш многу самодоверба. Тоа е еден совет кој многумина го повторуваат. Само глуми, додека навистина не ја добиеш.
# Паметно одбирај ги своите премери
Кој е твој пример и зошто? Ријана во едно итнервју кажа дека нејзини примери се нејзината мајка и баба, бидејќи се силни и самостојни жени. Со својот труд направиле одлични работи за себе и својот живот. Паметно одбирај кој ќе ти биде пример. Тоа може да влијае на тебе многу повеќе отколку што мислиш. Зимај совети од своите примери и гледај ги паметните одлуки кои тие ги донеле. Покрај тоа, биди опкружена со луѓе кои те инспирираат и кои се она што и ти сакаш да станеш.
# Престани да се споредуваш со другите
Споредувањето со другите е вистински пат кон ниска самодоверба, особено ако тие „други“ се инфлуенсерите на социјалните мрежи. Немој да го споредуваш својот изглед со нивниот, количината на облека или начинот на живот. Тоа што го гледаш не е целосната слика. Другите може да ти бидат мотивација и приемр, но не и некој со кој константно ќе се споредуваш.
фото: Принтскрин / Инстаграм