Лепа Брена ги провери антителата по ревакцинацијата со „Фајзер“: Резултатот е неверојатен

Лепа Брена ги провери антителата по ревакцинацијата со „Фајзер“: Резултатот е неверојатен

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката се вакцинираше, бидејќи ситуацијата поради пандемијата ѝ падна тешко, за неа физичката дистанца е всушност емотивна дистанца зошто не може да ги прегрне своите најмили...

Музичката ѕвезда Лепа Брена се реквакцинираше со вакцината „Фајзер“ против коронавирусот, а сега по проверката на антителата го откри својот резултат.

Како што кажа за Блиц, главната причина за вакцинирањето било тоа што скаала да се заштити самата себе, но и своето семејство.

„Поради пандемијата и рестриктивните мерки музичарите не настапуваат, рестораните не работат, и сето тоа е психички напад на сите“ - порача Лепа Брена.

„Сите кај мене дома се вакцинирани, дури и оние кои работат за нас. Секој има право да одлучи што ќе направи“ - рече таа, а потоа откри дека има и антитела, како и дека резултатот и е околу 18.000.

„Сакам остатокот од животот да го поминам стабилно и сигурно. Искажувањето на љубов за мене не е на социјалните мрежи. Сакам оние кои ги сакам да ги прегрнам и така да им покажам љубов“ - рече Брена.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: