Лепа Брена не е единствена: Овие млади пејачки се испробале како актерки, помеѓу нив е и Александра Пријовиќ

Лепа Брена не е единствена: Овие млади пејачки се испробале како актерки, помеѓу нив е и Александра Пријовиќ

Објавена во: Живот // Живот

Познато е дека на Факултетот за драмски уметности пеењето е задолжително и дека секој актер мора да има слух, а дека и многу музичари се родени актери, се доказ и култните југословенски филмови во кои своја улога имале најпознатите пејачка како Лепа Брена, Зорица Брунцлиќ и Снеки.

Она што е можеби помалку познато е фактот дека и некои млади ѕвезди биле подеднакво успешни во поновите филмски остварувања.

Гоца Тржан своите актерски способности ги претстави во серијата „Село гори, а баба се чешља“. Иако имаше улога само епизодна улога, пејачката ја гледавме во повеќе од една епизода, а нејзината глума наиде на позитивни коментари.

Дека Ана Кокиќ е одличен имитатор, имавме можност да се увериме во познатата шоу програма во која учествуваше и победи, а потоа доби и шанса да запее во филмот „Бичемо прваци света“.

Милица Тодоровиќ е позната како мултиталент, девојката за која не се знае дали подобро пее, глуми или слика. Тој талент е препознаен и од страна на режисрот на холивудскиот филм „An ordinary man“, кој ѝ понуди улога во споменатиот филм.

Александра Пријовиќ пак ја отпеа насловната песна за четвртата сезона од серијата „Убице мог оца“ и така доби можност да го запознае филмскиот свет.

Во овој сегмет, можеби најголема трага ќе остави Милица Павловиќ, ѕвездата на „Гранд“, која исто како и Брена доби главна улога. Проектот со кој ќе се претстави Павловиќ е серијата „Певачица“, која наскро ќе почне да се емитува.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: