Лепа Брена проговори за разводот со Боба: Само најсилните преживуваат

Лепа Брена проговори за разводот со Боба: Само најсилните преживуваат

Објавена во: Живот // Живот

Првпат отворено за бракот и семејството!

Пејачката признава дека е вечен оптимист, дека со сопругот Боба Живојиновиќ ги извеле децата на вистинскиот пат и дека сега уживаат во спокојните денови.

На 7 декември, пред три децении, започна најубавата љубовна приказна во Југославија, која нејзините главни актери ја живеат и денес. Тогаш во екот на популарноста Лепа Брена и познатиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, го кажаа судбоносното „да“, а јавноста имаше можност да ја проследи нивната венчавка. И три децении подоцна свадбата на векот се прераскажува, а на нив тие сцени секогаш им мамат насмевки на лицето и топлина околу срцето.

„За да преживее еден брак важно е да надвладеат убавите спомени, позитивните емоции и напредокот. Сите имавме напорни 30 години од сопствената кариера, подеми и падови, но верата во љубовта, поддршката, толеранцијата и желбата за опстанок на семејството се најважни“ - вели за „Супер ТВ“ Лепа Брена.

„Доколку жената на Балканот нема поголем праг на толеранција за нашите мажи, тогаш нема да преживее бракот. Дали се разбравме?“ - посочи пејачката на прашањето за тоа дали некогаш помислила да се разведе.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: