Лесно, брзо и едноставно: Трик со кој вашите стари старки ќе бидат како нови!
Старките со бел гумен ѓон и оваа сезона се вистински хит, но се валкаат толку брзо, што и по првото носење попримуваат жолтеникава боја.
Во тие случаи обично посегнува по детергентите за садови и со нив го триеме гумениот дел, но има ситуации кога тоа не помага.
Еве еден прекрасен трик за тоа како да направите вашите старки да изгледаат како нови, а за истиот ви се потребни само ацетон и памучка крпа.
Постапка:
Старките навлечете ги на рака за да може полесно да ги исчистите. Памучната крпа намокрете ја со ацетон и со него детално избришете го гумениот дел од патиките. По потреба повторете ја постапката. Исперете ја крпата во топла вода, исцедете ја и повторете ја постапката.