Летна шминка идеална за прослави и за секој ден: Џесика Алба сподели детален туторијал од нејзината омилена рутина (ВИДЕО)
Убавата актерка секогаш изгледа уредно и природно во исто време.
Холивудската актерка Џесика Алба негува природен изглед. Нејзината шминка е секогаш минимална и таква што ја нагласува сета нејзина природна убавина. На нејзиното лице никогаш нема да видите силни бои и многу производи. Бидејќи сезоната на свадби е тука, ви ја носиме совршената летна шминка идеална и за прослави и за секојдневни пригоди.
Актерката користи кремасти производи бидејќи даваат природен сјај и се лесни на кожата за летниот период кога се потиме и е претопло.
Производот за контурирање нанесете го веднаш под јаболчната коска, не цртајте премногу долга линија бидејќи тогаш ќе изгледа неприродно, ставете кремасто руменило преку него.
Ставете пудра во средината на челото, под очите, на носот, околу усните. Сето ова убаво изблендирајте го со четка. На крај нанесете малку маскара и сјај за усни и готови сте.